Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск денеска најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Европската народна партија (ЕПП), еден ден по најавата за враќање во полската домашна политика.
Туск, кој во саботата се врати на позицијата лидер на либералната партија Граѓанска платформа (ПО), чиј ко-основач е, е претседател на Европската народна партија од 2019 година.
Актуелниот претседател на ЕПП рече дека „разговорите за неговиот наследник ќе започнат на есен“.
„Се разбира дека формално можам да бидам шеф на партијата Граѓанска платформа и на Европската народна партија, која обединува многу европски партии“, рече Туск.
Сепак, тој додаде дека „сака да се вклучи сто проценти во полската политичка сцена“.
„Веќе ги информирав моите партнери, премиерите и претседателите од Европската народна партија за одлуката дека ќе посветам на политиката во Полска“, рече Туск.
Тој се врати на полската политичка сцена во саботата како лидер на најголемата опозициска партија, чии членови се надеваат дека партијата ќе добие нов замав со Туск.