Израел се согласи да и достави на Јужна Кореја околу 700.000 дози вакцини со поминат рок на траење. Тоа го објавија израелски медиуми цитирајќи го премиерот Нафтали Бенет.

Испораката на дози на Фајзер/Бионтех ќе почне во овој месец. Како дел од договорот, Израел ќе добие ист број дози на вакцината Фајзер, кои Сеул ги нарачал за во септември и октомври.

Јужна Кореја бргу ги дистрибуираше вакцините што ги има, но не успева да обезбеди доволно дози на време поради недостиг во глобалниот синџир на снабдување, особено во Азија.

Владата минатата недела соопшти дека се надева дека ќе се постигне колективен имунитет порано отколку што беше утврдено во ноември со вакцинирање на најмалку 70 проценти од  населението со најмалку една доза.