Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број новозаразени, односно 1.797 нови случаи на Ковид-19, починаа осум лица, а 168 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи 1.026 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а осум се регистрирани на влезните точки во земјата.

За разлика од минатата седмица, зголемен е и бројот на направени тестови, вкупно 66.464, од кои 50.808 се рапид тестови, а останатите ПЦР.

Негативен тест од вчера е задолжителен за невакцинираните лица, кои сакаат да патуваат на грчките острови, а бесплатни рапид тестирања се вршат на 130 локации низ цела Грција.

Последен пат, над 1.700 новозаразени во Грција имаше на 1 јуни годинава.

Поради зголемениот број нови случаи, заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас за попладнево зкажа вонредна прес конференција.