Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“.
-Го користев моето природно право, вродено како и на секој човек во земјава. На било кој јазик да зборував јас го претставував Собранието на Македонија во најдобро можно светло, изјави Џафери на ТВ 24.
Тој тврди дека Уставот е флексибилен и не попречува и ограничува користење на природно право, како што, според него, е и користење на мајчиниот јазик на меѓународно ниво.
-Јас таму го претставував Собранието и државата, рече Џафери, додавајќи дека неговото право е да го користи јазикот што го знае најдобро.