Кошаркарската репрезентација на САД претрпе сензационален пораз од Нигерија од 87:90 во првиот подготвителен натпревар пред летните Олимписки игри во Игри, што, воедно е прв пораз во историјата на американскиот „дрим тим“ од една африканска екипа.
Натпреварот во Лас Вегас беше првиот од петте подготвителни натпревари на американската репрезентација, која на Игрите во Токио ќе ја брани олимписката титула.
Четворица кошаркари од почетната петорка на Нигерија настапуваат во НБА лигата, а синоќа најефикасен беше играчот на Мајами, Геб Винсент со 21 поени.
Во американскиот состав најмногу поени (17) постигна Кевин Дурант, а селекторот Грег Попович им даде шанса и на НБА ѕвездите Демијан Лилард, Дрејмонд Грин и Кевин Лав, но не успеаја да пронајдат решение како да ја победат репрезентацијата која на Игрите во Лондон 2016 ја поразија со 156:73, што е највисока победа во олимписката историја.
Американците ги почнаа подготовките за турнирот во Токио пред четири денови, додека Нигеријците се подготвуваат од минатиот месец.
– Пораката е јасна. Од ова искуство треба да учиме, но во никој случај не е крај на светот, изјави Поповиќ.