Горан Сугарески, кој вчера си замина од директорското место во Царинската управа, веќе утрово се појавил на старото работно место во општина Прилеп како комунален инспектор, пишува Курир во својата анализа за судирот во СДСМ што произлезе меѓу Сугарески кој се кандидра за градачалник на прилеп и актуелниот градоначалник на општината, Јовановски.
Сугарески веќе создава тензија и група против актуелниот градоначалник на Прилеп – Јовановски, со зборовите го напуштив најубавото место од работа – директор на Царина за да прифатам ваков предизвик и нема жива сила да ме спречи, со што ги собира вработени околу него во групација против актуелниот градоначалник, кој исто така има амбиција за уште еден мандат.
Но каде е виситната во заминувањето на Сугарески од Царина?
Мандатот, кој му е ВД му истекол, а Заев не сакал да му го продолжи од две причини:
– Тотална неспособност;
– Не е е негов човек од доверба за глатко да ги тераат активностите од потреби на Заеви.
За да не му ги соопшти ниту една од двете работи, Заев му упатил ултиматум на Сугарески дека ако сака продолжување во политиката ќе мора да замине од Царина и да оди за градоначалник на Прилеп, или да остане без директорското место и да не добие ништо.
Кој е Сугарески?
Човек кој ги сврте сите функции, од министер во транспорт и врски, преку директор на Царинската управа, па сега до кандидат на Заев за градоначалник. Некој ќе речат тој така сакал, но реалноста е дека полека го симнуваат надоле, го дистанцираат од таканаречената прв лига во политиката.
Што прави Сугарески во Прилеп?
Екс шефот на Царина, а сега претендент за кандидат за градоначалник од СДСМ, Сугарески, отворено зборува за криминалот што го прави актуелниот градоначалник и неговата неспособност без реализација на нити еден капитален проект, освен криминално изградено мостче од 750.000 евра кое и ден денес е распаднато и го реконструираат по кој знае кој пат, а беше отворено пред пет месеци. Сугарески гласно зборува и за криминално купените 4 автобуси за еден милион евра кои постојано се расипани и полнат мазут секој ден во Битола за да возат, но и за промашениот булевар кој го стеснија, ги уништија паркинзите и чаршијата.
На ова не останува должен ниту Јовановски, кој во последно време се охрабрува и гласно зборува за големите рекети кои ги правел Сугарески низ Прилеп, но и тендерите кои оделе преку него.
Раздвојување во очи на избори
Се поизвесно е раздвојување во огранокот на СДСМ во Прилеп. Јовановски веќе на неколку свои поблиски луѓе им најавил дека не трчаат за Сугарески, затоа што не се дел од тој тим и нема да добијат ништо за возврат. Се подготвува тивко минирање на Сугарески и негово пуштање низ вода, пишува Курир