-Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Макдонија. Ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните за тоа прашање се изјаснија на референдум и согласно Уставот, две третини. Парламентот во дискусија од 130 дена, три пати гласајќи, ја донесе одлуката за нашето ново уставно име. На името Република Македонија се додаде зборчето Северна и тоа е дел од Преспанската спогодба која е закон веќе, а е дел и од Уставот. Очекувам да се почитува Уставот од страна на сите, а политичките партии треба да бидат први. Непочитувачи ако се граѓаните сигурно ќе имаат реперкусии, а политичките партии не е во ред да останат неказнети и да сносат последици зашто така им текнало, им паднало на памет да не го употреуваат уставното име, одосно да не го почитуваат Уставот, изјави денеска Заев образложувајќи зошто не еприфатлива РЕзолуцијата ан ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии на МАкедонија во преговорите со Бугарија за евроинтеграциите.

Не е сосем ајасно од каде на Заев му падна на памет во прилог на својата теза за „Северна“ да го споменува референдумот кога на тој референдум грѓаните го одбија предлогот Македонија да биде Северна за возврат на членството во НАТО и ЕУ.

Како што е познато, СДСМ и ДУИ, не го почитваат резултатот од референдумот.