Шилегов не умее да води гранапче, а не пак главен град на државата, СДСМ ги потценува скопјани, се истакнува во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Шилегов вети и не реализира почист воздух и повеќе зеленило, но затоа плаќа дупло поскапо за набавки на ствари и услуги со градски пари. Шилегов вети дека ќе се справи со загадувањето, а еве 4 години нема направено еден проект и нема преземено една мерка. Шилегов распиша оглас за субвенционирање на купување на инвертер клими на домаќинствата кои ќе се префрлат од греење со тврди горива, но субвенциите наместо кај граѓаните кои треба да заменат печка за инвертер отидоа кај граѓани од строгиот центар на градот, затоа што субвенциите се даваа по партиски клуч, се вели во реакцијата.
Наместо повеќе зеленило, се додава во соопштението, сега имаме помалку зеленило, видовме по примерот со дрвјата на улицата „Орце Николов“ дека Шилегов само чека прилики за да го масакрира зеленилото.
-Со Шилегов немаше ниту почист воздух. Спас за скопјани од нечист воздух изминативе две години беа само пандемијата и ограниченото движење, но овој проблем на голема врата ќе се врати, зошто ништо не е преземено. Шилегов не умее да води гранапче, а не пак главен град на државата, СДСМ ги потценува скопјани. СДСМ не нуди ништо ново. СДСМ ги нуди истите стари и истрошени кадри. Време е Шилегов и неодговорните политичари да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.