СДСМ е целосно посветена на интересите на граѓаните и носи решенија кои овозможуваат подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во државата, нагласува владејачката партија во денешното соопштение за јавноста во кое вообичаено таа е „ангелот“, а опозицијата е „ѓаволот“ во Македонија.
Соопштението од Бихаќска го објавуваме во целост:
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто.
Успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и со тоа да ги заштитиме семејните буџети од зголемување на цената на електричната енергија и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Институциите предводени од СДСМ секогаш стојат на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард.
За нас зборот е збор, ја вративме дневната евтина тарифа за струјата, а континуирано вложуваме во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитиме животната средина.
Четири години покажуваме како се работи одговорно, посветено и во интерес на граѓаните и тоа ќе продолжиме да го правиме во иднина.
Затоа СДСМ го има најдоброто за граѓаните, најдоброто за економијата, најдоброто за нашата држава.
Центар за односи со јавноста на СДСМ