Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот, каде е прогласен Ден на слободата, иако во последните неколку недели во Велика Британија е регистриран зголемен број на заразени лица.
Стадионите и големите сали од денеска се отворени со полн капацитет, како и дискотеките, а веќе нема никакви ограничувања ниту во угостителските објекти – пабовите.
Носењето маска веќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот превоз и продавниците. Работата од дома веќе не е задолжителна.
Во другите делови на Велика Британија – Шкотска, Велс и Северна Ирска – укинати се само некои од мерките против коронавирусот.
Меѓутоа, во последните неколку недели во Велика британија се бележи раст на бројот на заразени, а два дена по ред во земјата има над 50.000 новозаразени.
Меѓу заразените е и министерот за здравство, Саџид Џавид, кој е во самоизолација.
Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, повика на внимателност и самиот влезе во изолација, како мерка на претпазливост, откако бил во контакт со заразено лице.