Францускиот претседател Емануел Макрон ја изгуби популарноста меѓу младите во таа земја, откако француските власти претставија нови правила во врска со здравствените пропусници и задолжителната вакцинација на вработените во здравствената заштита.
Популарноста на Макрон се намали за 13 проценти кај луѓето на возраст од 12 до 24 години, покажува анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење на ИФОР за весникот „Журнал ду Диманш“. Поддршката за Макрон во таа возрасна група во моментов е 51 процент.
Процентот на оние кои не ја одобруваат политиката на францускиот претседател е зголемен во возрасните групи од 25 на 34 и од 35 на 49 години на 68, односно 66 проценти.
Во исто време, Макрон доби шест проценти поголема поддршка кај пензионерите и три проценти кај населението постаро од 65 години, а сега процентот на одобрување е 47, односно 46 отсто, пренесува „Раша тудеј“.
Анкетата покажа дека популарноста на Макрон расте меѓу групите луѓе кои претежно примиле вакцина против коронавирусот.
Француската влада објави извештај во кој се наведува дека досега се вакцинирани 55 отсто од населението во земјата.
Илјадници луѓе вчера маршираа низ цела Франција во знак на протест поради задолжителната вакцинација на здравствените работници и картичките за влез во ресторани и други места.
Во Париз, поради објавата на Макрон, голем број граѓани скандираа „слобода“ и носеа транспаренти осудувајќи ја „медицинската диктатура“ и францускиот претседател.