Израел изврши серија воздушни напади врз сирискиот град Алепо, потврди сириското Министерство за одбрана. Како што е наведено во краткото соопштение, сириските одбранбени сили морале да ги активираат и пресретнат „непријателските авиони“.
Сириските медиуми наведоа дека „израелската агресија“ започнала утрово по локалното време и дека сириските авиони морале да реагираат на заканите од Израел. Одбраната е активирана во провинцијата Ал-Сафира, јужно од Алепо.
– Израелскиот непријател изврши воздушна агресија врз југоисточниот дел на Алепо, гаѓајќи одредени локации во областа Ал-Сафира, се наведува во соопштението на Министерството.
Израелските сили и претходно извршија напади врз Ал-Сафир, насочени кон истражувачки комплекс, за кој тврдат дека го користат иранските сили. Според некои информации од израелската армија, таму е сместена елитна единица на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ), за која Ерусалим тврди дека планира напади на израелска територија. Сепак, засега нема индиции дека израелски авиони ја гаѓале истата цел.