Турција е подготвена да го преземе управувањето со аеродромот во Кабул, доколку САД ја дадат потребната поддршка, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
-Почнува нова ера за Авганистан и регионот, со Турција која стои крај САД и НАТО. САД одлучија да ги повлечат своите трупи од Авганистан и сакаат аеродромот во Кабул да продолжи да работи, рече првиот човек на Турција .
„Ние тоа го гледаме во позитивно светло, бидејќи имаме неколку услови за САД во дипломатските односи и логистиката“, потенцира Ердоган во интервју за ТВ каналот ТРТ, пренесе Тасс.