Според партијата на Зијадин Села, на површина уште веднаш почнаа да излегуваат вистинските причини за креирањето на коалицијата меѓу Зеев и Ахмети. Првиот успех на овој тандем, според нив е денешната одлука на Кривичниот суд во Скопје за случајот „Тортура“. Велат дека Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, партнер во бизнисите и тендерите на двете партии од хибридниот режим.
„Партнерот во бизнисите и тендерите на двете партии Сашо Мијалков беше ослободен од обвинението за случајот кој беше еден од главните атрибути што Зоран Зоран ги користеше во својата кампања како опозиција, насилството и нарачаниот криминал. Кога секому е јасно дека СДСМ и ДУИ не ја водат само извршната, туку и судската власт, станува јасно кој го ослободи Сашо Мијалков“, се вели в соопштението на АА.
Од Алијансата потенцираат дека договорот потпишан вчера беше извршен денеска, а вистинската пресуда за овие пазарења со правдата ќе ја дадат граѓаните.