Коалицијата Менуваме, која се бори за правата на лицата со попреченост, денеска требаше да постави шатори пред Собранието, во Жена парк, но Град Скопје не им дозволи.

Од Град Скопје за медиумите не одговараат на што се должи оваа одлука, со оглед на тоа што протестниот камп беше уредно најавен.

Лицата со попреченост во вторникот одржаа протестен марш, на кој побараа државата да им овозможи достоинствен живот. Побараа да бидат еднакви, побараа поддршка од заедницата, но не добија ниту дозвола да протестираат.

На протесниот марш од Владата до Собранието паратираа педесетина лица со попреченост, нивни блиски и малкумина поддржувачи. Не се појави ниту еден политичар, јавна личност, министер, не дојде ниту претседателот на државата.