Бурна расправа и голем број процедурални забелешки. Вака се водеше дискусијата на Комисијата за европски прашања на која на дневен ред се најде Законот за државјанство овој пат вратен од Владата со европско знаменце. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ постојано бараше процедурално при што не можеше да се усвои дневниот ред. Расправата се вжешти откако пратеникот Зекир Рамчиловиќ и даде копии од лица без државјанство на пратеничката Марија Петрушевска.

„Ќе ме интересираат да… да… апсолутно. Погледнете колегата кој што гласаше за уставни измени, погледнете конечно сака да си го оправда предавството но тоа никако не може да се испере“, истакна Марија Петрушевска.