По тешката сообраќајна несреќа на автобус со косовски регистарски ознаки што се случи во Хрватска, во која има жртви и повредени реагираше албанскиот државен врв  и опозицијата. 

Премиерот Еди Рама во својата реакција изрзува жалење за загубените животи, братско сочувство до семејствата на настраданте а на повреденоте ом посакува побрзо закрепнување.  

 -Колку болна трагедија веста од Хрватска за загубени животи на браќа и сестри од Косово. Се молам за закрепнување на сериозно повредените и братско сочувство до семејствата на загинатите, напиша Рама на Твитер. 

Шефот на држвата Илир Мета, изразува жалење за загубените животи и длабоко и искрено сочувство до семејствата на загнатите. Исто така упати голема благодарност до хрватските власти за гржата за повредените.  

 -Со голема тага ја примив веста за трагичната несреќа во Хрватска. Ја споделувам големата болка со семејствата на жртвите и изразувам искрено сочувство. На повредените патници им посакувам брзо закрепнување. Голема багодарност  до хрватските власти, особено за здравствената заштита пружена на повредените, наведува претседателот Мета на Фејсбук. 

И лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, изрази длабоко сочувство за загубените животи, а на повредените им посака брзо закрепнување. 

 

-Со длабоко тага ја примив тажната вест за трагичната несреќа што се случи во Хрватска, во која има жртви и повредени. Ја споделувам болката со семејствата и роднините и изразувам длабоко сочувство. Брзо закрепнување на повредените. Господ нека ти даде сила да се соочите со оваа трагедија, која сите не шокираше, напиша Баша. 

Албанските медиуми во контиунитет пренесуваат вести околу овој трагичен настан, како и реакции од земјата, од Косово и од Хрватска.