Силна експлозија во хемиски комплекс го потресе денеска германскиот град Леверкузен, по што голем облак од црн чад се издигна над градот.

Германската федерална канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи ја класифицираше експлозијата како „екстремна закана“ и побара од жителите да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите, јави ДПА.

Операторите на хемискиот комплекс „С hempark“ во Леверкузен, околу 20 километри северно од Келн, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата.

Неколку лица се повредени, а некои патишта се делумно блокирани за сообраќај, соопшти полицијата во Келн.

На Твитер е објавено дека се распоредени пожарникари и комбиња за откривање на нивото на загадување. Локален весник пишува дека експлозијата се случила во предградието Бириг во постројка за согорување отпад. Баер, една од најголемите германски хемиски компании, се наоѓа во Леверкузен.