Поранешниот новинар, Борче Грозданов, кој е примател на инвалидска пензија и ги подари на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, своите 145 денари од покачувањето на пензијата за, како што кажа, таа да си купи појадок, пренесе Република.
Грозданов истакна дека се одлучил на ваков ироничен потег затоа што, како што истакна, е крајно револтиран од односот на власта кон лицата со инвалидитет.