Репрезентациите на Србија и на Соединетите Американски Држави ќе играат во првото полуфинале на кошаркарскиот турнир за жени на Олимпијадата во Токио.
Ова е епилогот по првите две четвртфинални средби одиграни изутрина.
Најпрво Србија ја победи Кина со 77:70, а потоа САД со убедливи 79:55 ја совладаа селекцијата на Австралија.
Денес ќе се одиграат и другите две четвртфиналиња:
Јапонија – Белгија и
Шпанија – Франција.