Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување од Владата, изјави за ТВ Сител директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Во синоќешното интервју за ТВ Сител, Ангелов кој вчера од в.д. стана директор на ЦУК, вели дека Владата одлучува, а нему му е сеедно каква одлука ќе донесе.
– Ќе ја прифатам секоја одлука. Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување, рече Ангелов.
За пожарот во Кочани рече дека е успешно изменаџиран и дека неговата работа е неблагодарна. Тој укажа на тоа дека кога генерали водат војна и гинат илјадници луѓе, потоа добиваат медал или орден.
Ангелов деновиве кажа дека ако се утврди негова одговорност, ќе се повлече и ќе замине од државата. Исто така изјави дека заслужува да биде награден оти, како што рече, го спасил Кочани од пожарот.