Според закон градоначалникот на Град Скопје формира Градски штаб за заштита и спасување притоа тој е командант и назначува началник и неколку помошници (помошник за пожари, помошник за поплави …). Во вакви критични моменти командантот го свикува Градскиот штаб, прават оперативни планови за заштита и спасување и градоначалникот како командант по правило секогаш е во првите редови.

Во период кога Македонија е во пламен и во текот само на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје избувнаа дваесет и два пожари меѓу кои еден со многу висок ризик во кругот на фабриката “Охис”.

Командатот на бригадата за заштита и спасување на Град Скопје во слободно време градоначалник на Скопје во случајов Шилегов Петре никаде го нема на терен да командува и да застане рамо до рамо со пожарникарите кои се по неколку денови непрекинато на своите работни места.

Ист е случајот и со командатот на противпожарната бригада на Град Скопје, но денес под притисок на јавноста истиот го прекинал одморот и се појави во јавноста.

Додека некаде властите се одмораат, скопјани вчерашниот ден го поминаа во страв и паника.

Петре ова ли е тоа поинакво Скопје?! Вака ли чекор по чекор го замислувате напредокот на Скопје?!

Не може додека Македонија гори цела влада и градоначалникот на главниот град да се плажираат и да се кријат под дебела сенка.

Ниту е етички,ниту е морално,ниту е нормално такво однесување за време на ваква кризна ситуација.