Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави поранешниот советник и портпарол на Трамп, Шон Спајсер.
„Тој ќе учествува“, рече Спајсер за време на интервјуто за неговата книга, која наскоро ќе биде објавена под наслов „Радикална нација: Опасниот план на Џо Бајден и Камала Харис за Америка“.
Спајсер рече дека политиката на администрацијата на американскиот претседател Бајден во последните неколку месеци, особено во врска со прашањата релевантни за Трамп, како што е имиграцијата, го охрабри поранешниот претседател да ја разгледа својата кандидатура за општите избори следната година, бидејќи планира да биде влијателен во обликувањето на американската политика.