Денеска ја одбележуваме 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се потврдија општественото единство и демократската иднина на нашата татковина, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
-Охридскиот рамковен договор е симбол за соживот и стремеж кон градење современо и прогресивно мултиетничко општество, чии граѓани се со еднакви можности и силно чувство на припадност кон сопствената земја. Благодарение на заедничките заложби, Република Северна Македонија останува стабилна, просперитетна држава и рамноправен член на меѓународната заедница, напиша Филипче.