Патниот правец Велес – Скопје (по Обиколница) кај Хиподром е блокиран поради  сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.