Лазо Ристевски е од Битола. Денеска го измерил присуството на антитела во крвта, пет месеци по прележаниот Ковид 19. Како што можете д авидите, ререннтната вредност е 50, а тој има вредност на антитела од 1 352. 45 пати повеќе од референтната вредност.

Лазе нема д ас евакцинира. Не само затоа што нема потреба со овие антитела, туку и затоа што никој жив на оваа планета, најмалку пак од „експертите“ во Макеоднија, може д аму гарантира дека тоа не еопасно.

Но, за Лазе важат рестрикциите на Филипче.

Сличен е случајот и со скопјанецот Мартин Клинчаров. Еве како тој го објасни својот случај на неговиот профил:

Заради актуелноста на ситуацијата во однос на вакцинирани и невакцинирани, забрани и рестрикции, решив денес (11 август, н.з.) да направам тест за антитела на SARS-Cov 2, иако вирусот ми е ‘прележан’ пред 5 месеци!

‘Прележан’ е во наводници од проста причина што цела фамилија се тестиравме во март 2021 заради патување и излеговме позитивни на тој ПЦР тест, буквално без никаков симптом, никој од нас четворица! Доколку не требаше да патуваме, веројатно и не би знаеле!

Според ова, иако и во овие методи на испитување не се разбирам, на референтна стапка од 0.8 U/mL, јас имам 141.7!

Според ова, а и според она што е веќе одамна познато и што го потврдиле голем број светски научници и инфектолози, како она на пример дека респираторен вирус не можеш да го убиеш со вакцина (кога би можело, сезонскиот грип оддамна би бил мртов) можеш евентуално да ги намалиш неговите нус појави, ама никако да го убиеш, а овој SARS-Cov 2 е респираторен вирус (освен ако нешто не се сменило во меѓувреме), би сакал да ги прашам овие нашиве стручњаци, како Филипче, оној Кангуловски и ред други правници, водители, старлети и улични ку*ајбери, кои се поборници на задолжителна вакцинација, забрани, рестрикции, укинување на лични слободи и права (и Адолф Хитлер почна со истата теза дека колективниот интерес е над личното право, па знаеме како тоа заврши) неколку работи:

– дали со овој број, коефициент, стапка, како сакате, на антитела во мојот организам јас не сум заштитен од понатамошно разболување и ширење на вирусот ако дојдам во контакт со истиот?! Повторувам, ова се бројки од ‘прележан’ Ковид без НИКАКОВ симптом!

– дали може некој да понуди било каков доказ на поголем број антитела со примена 1,2,3 дози на било која вакцина?!

– зошто вакцинирано лице со макар една доза добива #greenpass и ужива секакви права и слободи, со помал број на антитела и може повторно да заболи и да го шири вирусот без притоа да мора да оди во задолжителен карантин?!

– зошто лицата кои стекнале природен имунитет и имаат поголем број антитела, ги немаат овие права кои ги имаат вакцинираните и се третираат како лепрозни и се врши класична сегрегација?!

– дали може некој медицински да докаже и потврди дека со оваа количина на антитела во мојот организам јас треба/смеам/можам да се вакцинирам и што тоа би ми донело плус од ова сега?!

Како последно прашање, дали остана малку морал, човечност и искрен однос кон докторската професија во вас или е се сведено на гол бизнис, популизам и слепо служење на фарма мафијата?!