Криминалците во Италија и Германија сè повеќе користат криптовалути, соопшти царинската управа во Бон.
„Употребата на криптовалути за плаќање преку Интернет во контекст на криминални дела очигледно е во пораст“, велат од царинската управа.
Во повеќето случаи, криминалците користат биткоин и валута Монеро, велат истражителите. Криптовалутите се користат за целосно анонимизирање на процесот на нарачување и испраќање недозволени производи или услуги.
Организираниот криминал во Италија, исто така, се повеќе користи криптовалути во последниве години, пренесува Хина.
За мафијашките организации, анонимноста и брзите трансакции носат големи придобивки, поради што тие ги користат овие начини на плаќање, наведува италијанската полиција за борба против мафијата (ДИА). Мафијашите најчесто користат дигитални валути при препродажбата на дрога.
Ниту германската ниту италијанската полициска власт досега не објавија прецизни податоци за операциите, износите или штетата.