При посета на Гостивар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека СДСМ знаат дека ќе изгубат на следните локални избори, исплашени се затоа што тоа ќе значи создавање на услови за ново владино мнозинство и затоа сега бараат милион изговори за да ги одложат изборите.
Мицкоски појасни дека сега треба да се делува инвазивно и со нови мотивирани луѓе да се победи СДСМ за да чесните и вредните кандидати да работат за граѓаните и државата.
-Одложување на изборите подразбира одложување на проблемите, единствен начин да се стави крај на сите проблеми на оваа неспособност и ова политичко мочуриште кое е реалност во Македонија е катастрофата која на следните локални избори ќе се случи на СДСМ-ДУИ, тие се исплашени, знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и со тоа ќе се создадат услови за ново владино мнозинство и сега бараат милиони изговори за да се одложат изборите. Затоа треба да се делува инванзивно. Тоа е огромна победа со здружената опозиција на локалните избори, ново владино мнозинство, потоа луѓе кои знаат како кои се мотивирани, кои што ќе ги засукаат ракавите и чесно ќе работат за граѓаните и државата – порача Мицкоски.
Тој посочи дека сите проблеми на граѓаните во врска и со лични карти и со се друго лежат во СДСМ. Мицкоски истакна дека нови луѓе со нова визија се она што и требаат на државата и на граѓаните за да може проблемите трајно да се решат.
-Граѓаните кои не можат да го остварат своето уставно загарантирано право имаат еден проблем, а тоа е Влада на СДСМ и ДУИ. Така што, единствен начин да се надминат сите овие проблеми е да се делува инванзивно, а тоа е победа на здружената опозиција и катастрофален пораз на оваа неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Тоа е единствениот начин да се надминат сите проблеми на граѓаните. Доколку и понатаму ги констатираме проблемите или ги додаваме едни на други, а истото решение го одложуваме, тоа не значи и трајно решение. Затоа она што е моја порака денеска и она што јас сакам да го кажам е конечниот пораз и конечното решение на сите проблеми на граѓаните е пораз на СДСМ на локалните избори, ново владино мнозинство понатаму, веднаш после поразот на власта на локалните избори нови луѓе со нова визија, мотивирани и храбри да работат за интересите на државата и на граѓаните. Сѐ останато е одолговлекување на неспособноста и агонијата – заврши Мицкоски.