Нема да бидам како СДСМ и да го коментирам нашиот политички противник, тоа си е нивна работа, но тоа што е важно е дека доаѓа крајот на оваа неспособна власт предводена од СДСМ и ДУ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посетата на Берово одговарајќи на новинарско прашање за тоа што СДСМ се раситнува.
– Од она кое што го слушам од медиумите двајца нивни актуелни градоначалници практично ќе настапат на овие избори како кандидати коишто ќе бидат поддржани од група избирачи, односно независни кандидати. Она што е важно дека доаѓа крајот на оваа неспособна власт предводена од коалицијата СДСМ и ДУИ, потенцира Мицкоски.
Тој истакна дека Македонија има надеж и им порача на граѓаните дека доаѓаат времиња на просперитет и суштински реформи.
– Ќе повторам уште еднаш, не треба да губат надеж граѓаните најдобрите времиња за Македонија допрва доаѓаат и времиња на просперитет, времиња кои ќе носат со себе суштински реформи, структурни реформи и кои ќе ја однесат Македонија онаму каде што и е местото, а тоа богата просперитетна држава за сите луѓе, односно Македонија за сите луѓе, рече Мицкоски.