Убиецот на американскиот сенатор Роберт Kенеди, Сирхан Сирхан ќе биде условно ослободен по 50 години поминати во затвор, откако двајцата синови на Кенеди се изјаснија позитивно за негово ослободување.

На 77-годишниот Сирхан досега 15 пати му беше одбиено барањето за условно ослободување.

Калифорнискиот Одбор за условна слобода во следните 90 дена ќе ја разгледува одлуката, а потоа ќе ја испрати до гувернерот, кој во рок од 30 дена треба да одлучи дали ќе ја потпише, одбие или ќе бара нејзина измена.

Даглас Кенеди, кој беше дете кога беше убиен неговиот татко во 1968 година, изјави делка рекол дека го погодил каењето на Сирхан и дека треба да биде пуштен на условна слобода доколку повеќе не претставува закана.

– Успеав да се видам со Сирхан лице в лице, преплавен сум од емоции. Мислам дека цел живот живеев во страв од него и благодарна сум што денес можев да видам дека тој е човек кој заслужува љубов и емпатија, изјави Даглас Кенеди. Сенатор од Њујорк и брат на убиениот претседател Џон Кенеди беше убиен на 6 јуни 1968 година, во хотелот Амбасадор во Лос Анџелес, неколку моменти откако прогласи победа на изборите на Демократската партија во американската сојузна држава Калифорнија.

Сирхан беше осуден за убиство од прв степен, но тврди дека не се сеќава на убиството.