Илјадници луѓе денеска во Берлин протестираа поради владните антиковид мерки и покрај забаната за собири.
Германската полиција забрани девет планирани собири за денеска, а над 2.000 полицајци беа распоредени во Берлин.
Судот дозволи протести до 500 луѓе за денеска и утре. Протестите се организирани по дебатата во Германија дали да се воведат ограничувачки мерки за невакцинираните лица.
На почетокот на август во Берлин беа одржани слични протести, што заврешија со судири со полицијата и стотина приведени луѓе.
Во меѓувреме, контрапротестот организиран како поддр[ка на владините мерки против Ковид-19 привлече голем број луѓе.