Учебната година ќе започне нормално на 1 септември во сите училишта со интонирање или изведба на сршската национална државна химна, за првпат во историјата, најави денеска министерот за образование, наука и технолошки развој и прв вицепремиер на Србија, Бранко Ружиќ.
Во интервју за „Новости“, тој рекол дека е важно граѓаните да го почитуваат знамето, грбот и химната и на тој начин „да го зачуваме нашиот идентитет на најдобар можен начин“.