Имам чувство како да започнала некоја операцијата под кодно име „Зарази што повеќе“, коментира директорот на Здружението на приватни автобуси „Слободен превоз“ Ленин Јовановски.

„Линија број 55 во 6:50 од Арачиново.

Учебната година ЗА ЖАЛ почна со намален број на автобуси на сите линии, односно по редуциран возен ред.

На здравје нови кластери и со успех на оние умоболните на кои им се потребни бројки и пари, а на сите други Господ да им е на помош“, вели тој.

Вчера Јовановски остро реагираше што ЈСП ќе вози по летен возен ред со намален број на автобуси.