ВМРО-ДПМНЕ и дава целосна поддршка на независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска. СДСМ со своите кандидати за градоначалници го призна поразот во Прилеп и Битола, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажувајќи уверување дека опозоциската партија ќе победи на локалните избори во најголем дел од општините.

-ВМРО – ДПМНЕ нема да води валкана изборна кампања бидејќи цениме дека граѓаните се исклучително изморени од калта која што ја содржи ова наше политичко мочуриште. Граѓаните сакаат да слушнат надеж и решенија за нивните проблеми. Доколку некој од другите учениците на изборите планирана да води валкана кампања, односно со ниски страсти со многу навреди и со многу лоши работи, тогаш тоа е нивна одлука, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Политичата академија со Конрад Аденауер.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ, повтори тој, ќе водиме исклучително позитивна капања.

-Уплашените луѓе водат кампања со навреди и кампања на ниски страсти. Ние сме сигурни во победата на овие избори во исклучително добриот резултат и сакаме да се претставиме во што подобро светло пред граѓаните со проекти, со визија, со стратегија, со реформи, борба против криминалот и корупцијата. Тоа е нашата цел на овие избори да ги одмориме граѓаните од нашата глупавост во ова политичко мочуриште, да понудиме надеж, изјави Мицкоски.

За крајот на оваа недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави седници на Централниот и на Извршниот комитет и ќе бидат соопштени дел од преостанатите кандидати за градоначаници.

-Нема да брзаме. Имаме уште неколку дена пред нас, за консултации внатрешни и цениме дека овие 56 имиња се далеку посупериорни од оние што ги понуди нашиот политички противник, реќе Мицкоски.

Што се однесува до Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ целосно ја поддржува, и со својата структура застанува позади идниот градоначалник на Скопје, најпрво во реализација на проекти за Скопјани, а потоа и во се останато.

-ВМРО-ДПМНЕ застанува позади идниот градоначалник на Скопје со сиот свој потенцијал, човечки, кадровски и инфраструктурен, истакна Мицкоски.

За локалните избори најави како што рече, „историски револуционерна програма“ во која што ќе има многу проекти кои се во интерес на граѓаните

-Кажав ќе прмовираме транспаретни, отчетни и еко здрави средини и општинии во Македонија и тука секоаш сме биле неколку чекори пред нашите противници, рече Мицкоски.

За кандидатите на СДСМ, рече дека нема да ги коментира, но она што најмногу, како што рече, го допрело се градоначалниците на најголемите пелагониски општини Битола и Прилеп, каде според него СДСМ го признала поразот.

-Таму СДСМ го призна поразот. Во Прилеп кандидираше транзиционен политичар кој можеби е единствен кој може да и конкурира на Радмила Шекеринска на политичката сцена, малку беше пратеник, малку беше координатор на пратеничката група, па малку министер, па малку в. д. директор, но мислам дека овој пат прилепчани ќе стават крај на неговата политичка кариера и ќе може да се посвети со неговоте другарчиња на рестораните каде има основано сомневање дека се случиваат работи кои се против законот, рече Мицкоски.

Во однос на кандидатот за градоначалник на Битола, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека „не е конкуретна и не е достојна за градот“ и дека СДСМ со тоа си потпиша пораз и за следните четири години бидејќи стравува отсуството на квалитет во владејачката партија, па „ќе мора да одат со крајно коруомпирани и сомнителни ликови од средините од каде што ги кандидираат“.

За актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за уште еден мандат од СДСМ Петре Шилегов, Мицкоски смета дека има енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник и бара институционализација, како што рече, на проблемот.

-Да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите, имаме финансиска полиција, УЈП, антикорупциска комисија, нека ги проверат неговите даночни пријави. Многу лесно, еден плус еден се два, и ќе дојдеме до одговорот на оваа дилема што деновиве скопјани се погласно ја зборуваат, рече Мицкоски.

Во однос на Предлог – законот за легализација на дивиградбите Мицкоски рече дека тие како опозиција немаат информација дека тој ќе дојде во Собрание. -Откако ќе дојде ќе го видиме текстот и ќе се изјасниме, рече тој.

Ставот за бегалците од Авганистан, како што кажа, е ист и непроменет, нагласувајќи дека бегалците треба да бидат примани од многу помоќни и побогати држави.

– Тука не треба да имаме дилема дека вредности, хуманизам, подадена рака треба да покажат многу побогати и помоќни држави од Македонија како во Европа така и во светот, имајќи предвид дека нашата Влада не може да понуди соодветни услови за соодветен живот за нас раѓаните во Македонија, а не да понудиме пристоји нормални услови за бегалците од Авганистан или кои доаѓаат од каде било, рече Мицкоски.

Според него, се поставува суштинското прашање, дали Словенија или Хрватска кои примаат едноцифрен број бегалци се помалку способни од нас кои што примаме троцифрен број бегалци.

– Јас не би се сложил. Ние сме далеку поназад и по социјалните услови, и по финансиските, и по политичките и по кој било позади овие две земји членки на НАТО и на ЕУ, рече Мицкоски додавајќи дека нашите европски партнери би требало да се видат на дело, а потоа ние како едни од послабите да се приклучиме на тој процес, рече Мицкоски.