Поради генералната проба за централната прослава „30 години независност“ утре од 07:30 до 12:30 и од 15:30 до 20 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќајниот режим.

– Затворени за сообраќај ќе бидат: -бул.”Кочо Рацин” на потег од крстосницата со бул.”Кузман Јосифовски Питу” до ул.”Кирил и Методиј”. – ул.“11 Октомври ” на потег од ул.”Крушевска Република” до ул.”Димитрие Чуповски”. -ул.”Филип Втори” на потег од бул.”Гоце Делчев” до ул.”11 –ти Октомври”. -Кеј “13–ти Ноември” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”. -ул.”Мирче Ацев” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”. -ул.”Димитрија Чуповски” на потег од порта Македонија до бул.”Климент Охридски” и – ул.”Даме Груев” од крстосница со ул.”Македонија” до ул.”11-ти Октомври”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.