Велешкиот градоначалник Аце Коцевски информира дека се регистрирани девет ученици позитивни на вирусот, и тоа тројца од средни, и шест од основни училишта во општината.
Исто така, позитивни биле и двајца директори на училишта, еден во основно и еден во средно, како и еден наставник во основно училиште, еден педагог, еден психолог и еден хигиеничар во детска градинка.
-Две одделенија се во изолација и тоа две паралелки од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ и осум ученици од основните училишта. Во изолација се учениците кои не се вакцинирани. Ако се земе во предвид вкупниот број на вработени и ученици, состојбите сериозно не влијаат на одвивањето на наставата-вели градоначалникот.
Утрово пак, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека неделава имало уште двајца инфицирани ученици, но немало информација колку ученици се во изолација поради контакт со нив.