Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно се огласи со коментар и критика за случувањата во Македонија.
Европратеникот сега тврди дека на пописот во Македонија „Бугарите биле репресирани“.
-Пребројувањето во Македонија започна со репресии кон оние кои одлучиле да се запишат како Бугари. Наместо ултиматум кон Бугарија, Европската унија треба да ја задолжи Македонија да ги почитува човековите права, напиша Џамбаски на Твитер, при што го „тагна“ премиерот Зоран Заев.