По големиот пожар во модуларната болница во Тетово и големиот број жртви, беше одржан состанок на Кризниот штаб во Тетово на кој покрај градоначалничката Теута Ариуфи, присуствуваа и Зоран Заев и Венко Филипче.

По состанокот, Заев и Филипче заминаа без изјави, затоа што така се договориле. Исто постапија и Али Ахмети и Артан Груби кои според информациите билр на состанокот.

„Изјави ќе нема додека работат…форензичари, експерти… Преуранети изјави може да направат проблем“, изјави Заев.

Градоначалничката на Тетово, Арифи застана пред камерите, но со најголем дел од својата изјава тераше двојазичност и зборуваше на албански јазик.

Сите информации на новинарите кои се на терен зборуваат за голем број жртви, но засега официјално се потврдени 10 починати лица, без поконкретни информации.