Премиерот Зоран Заев кој, по трагедијата во Тетово, повеќе дена беше отсустен од реалниот политички живот, активен е во виртуелниот на социјалните мрежи.

– Градиме општество во кое што сите се еднакви и исто вредат. Мозаик на вредности и шаренило сплотени како едно. Со љубов и со верба за иднината на нашата земја, продолжуваме заедно да ја градиме 🇲🇰 како едно и еднакво општетство за сите, низ меѓусебна почит и разбирање. Општество на мир и просперитет. Северна Македонија е земја на сонцето. Земја на светлината. Да си ја чуваме светлината дадена од пред векови и векови, и да останеме деца на светлината. Застапници на добрината, на честа, на достоинството, на почитта кон другиот, на добрососедството. Ние сме за напред! Постојано напред!- објави денеска Заев на неговиот официјален профил на Фејсбук.

На многуте прозивки до Заев за оставки, од опозицијата и граѓаните, по катастрофалниот пожар во болницата во Тетово, тој се подизгуби во јавните настапи, а одговори даваше на социјалните мрежи.