Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека повеќе од милијарда луѓе се целосно вакцинирани против Ковид-19 во најнаселената земја во светот, или околу 72 проценти од 1,4 милијарди жители.
-До вчера, беа дадени 2,16 милијарди дози, а 1,01 милијарди луѓе се целосно вакцинирани-изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг.
Кина се бори со избивање на заразата во југоисточната провинција Фуџијан, каде што во последните шест дена се потврдени 200 случаи.
Властите ги затворија погодените населби, училишта и места за забава и го ограничија патувањето надвор од провинцијата за да спречат ширење на вирусот.
Кина го запре ширењето на коронавирусот со воведување ограничувања и масовни тестирања секогаш кога ќе откриеја нови случаи. Покрај тоа, воведе ограничување за влез во земјата и задолжителен карантин од најмалку две недели.