Во гостувањето на ТВ АЛФА, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека летово Внко Филипче потпишал два тендери со познати веелдрогерии во вредност од 30 милиони евра.
Според него, само овие два тендери се доволен доказ за грабежот кој му се случува на македонското здравство и тоа во услови на корона криза и во услови кога овие кои се болни самите си ги купуваат лековите, а граѓаните трошат илјадници евра по приватните болници, а оние кои немаат, мораат да бидат хоспитализирани во модуларни болници кои се несоодветни и кои горат за две минути, затоа што фирмата на Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер ги направила несоодветни, појасни Николоски.
-Во Србија изградија Клинички центар за цела јужна Србија за 35 милиони евра, а во Македонија само два тендери за фрлање во воздух коишто и не ги гледаме на ниту еден начин во здравството чинат 30 милиони евра, што јасно говори што се намерите, очекувам од министерот за здравство кој не дава оставка да и објасни на јавноста како баш со овие две веледрогерии во текот на летото се одлучил на да потпише вакви договори, критикуваше Николоски.