Една од најдобрите светски репрезентации, Аргентина остана без првиот голман пред почетокот на Светското првенство. На тренингот на репрезентацијата се повреди Серхио Ромеро, кој во наредните го очекува операција.

До Светско првенство останаа помалку од 20 години, а репрезентациите полека почнаа со припремите. Репрезентацијата која настапува во групата Д доживеа голем хендикеп пред почетокот на Светското првенство. Првиот голман на Гаучосите, 31 годишниот голман Серхио Ромеро доживеа повреда на десното колено на тренинг на репрезентацијата.

Ромеро, кој моментално е втор голман на Манчестер Јунајтед, овие денови би требало да оди на операција. Иако не брани многу во клубот, Ромеро веќе со години е прв голман на репрезентацијата. Со тоа неговата повреда ќе биде голем хендикеп за нив. Ромеро меѓу стативите би можел да го замени ветеранот Вили Кабаљеро, кој исто така е резервен голман во Челзи. Ромеро досега забележал 94 настапи за репрезентацијата, а на минатото Светско првенство во Бразил бранеше цело време, вклучувајќи го финалето, каде неговата репрезентација изгуби од Германија.

Аргентина првиот меч го игра против Исланд на 16 јуни во Москва.