Не само за Ѓорче Петров, јас имам големи очекувања за секаде во Македонија и тоа ќе се оствари. Ѓорче Петров е една од најубавите општини во Македонија, имаме еден одличен кандидат за градоначалник, денеска слушнавме многу проекти, слушнавме ведрина, позитивни работи, слушнавме дека сака во Ѓорче да нема кал, да има нови паркови, да има нови улички. Насекаде да може да помогне, на младите, на пензионерите, на сите во Ѓорче Петров и ова навистина е добро, но јас сакам да ги пофалам и оние што се на советничката листа. Доктор Ленче е до мене, она е носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров, но има и многу други добри и квалитетни луѓе, дел се зад мене, дел се исто така околу нас или на терен, истакна денеска од Ѓорче Петров потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Четири години ништо не се работи во Ѓорче Петров, имаме градоначалник што ништо не му е важно освен да се задоволи самиот себе, можете да го видите по меаните, можете да го видите на некои места каде е седан, но не работи. Во Ѓорче Петров треба да се работи, бидејќи само така ние ќе се издигнеме како општина на едно повисоко ниво, Ѓорче Петров не оди воопшто напред, затоа Александар Стојкоски е одличен кандидат и може и умее. И ова што го вети денеска во неговата програма за Ѓорче Петров е многу убаво и солидно и треба да допре до секој еден човек во општината, вели Мисајловски.

Тој додава дека максимално ќе се направи напор да се посети секој еден човек во Ѓорче Петров.

-Директно треба да ги допреме граѓаните, да видиме дали имаат некој дополнителни потреби, дали нешто да не искритикуваат или пофалат, но само така може да се победи, вели Мисајловски.