Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.