Девет лица заагинаа утрово во пожар во одделот за интензивна нега во болница во романскиот град Констанца, известува Ројтерс. Ова е трет смртоносен пожар во земјата за помалку од една година.

Пациентите скокале од прозорците од пониските катови за да ги спасат сопствените животи.

Привремениот министер за здравство Чеке Атила изјави дека 113 пациенти биле сместени во болницата за време на пожарот од кои 10 биле во одделот за интензивна нега.

Досега 50 пациенти се евакуирани и префрлени во други болници.

Во февруари во пожар загинаа 4 пациенти во Ковид-19 болницата во Букурешт, а минатиот ноември 10 лица починаа во пожарот во болницата во Пиатра Неамт.