Овој транскрипт е дел од вчерашната дебата меѓу Стевче Јакимовски од ГРОМ и Душко Весовски од СДСМ, на која присуствува и Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ, сите кандидати за градоначалник на Карпош, во која Јакимовски изнесува интерсни обвинувања за Весовски, а притоа го споменува и Орце Камчев.

ЈАКИМОВСКИ: Не се секирај, нема да биде тешко прашањето. Вие сте против бетонизација на тоа што се случува во Тафталиџе…

ВЕСОВСКИ: Апсолутно…

ЈАКИМОВСКИ: И јас сум исто така против. Но сум многу…

ВЕСОВСКИ: Е, како, кога дозволивте…

ЈАКИМОВСКИ: Остај ме, лесно ќе биде прашањето…

ВЕСОВСКИ: Извинете…

ЈАКИМОВСКИ: … Но сум многу против бетонизација на кејот на реката Вардар. Со какво барање дојдовте вие кај мене и каков партиски притисок ми вршевте за тоа што тебе ти се „уцрта“ на кејот на реката Вардар. Колку пари зема?

ВЕСОВСКИ: Кој ви вршел?

ЈАКИМОВСКИ: Лажеш. Вие. Ти бараше, Трифун Трифуновски не сакаше да го гласа планот… Колку пари зема од Орце Камчев?

ВЕСОВСКИ: Лажни вести…!

ЈАКИМОВСКИ: Какви лажни вести. Документите… 130 000 евра зема? За таа бетонизација на кејот на реката Вардар. Како не се срамиш?

ВЕСОВСКИ: Вие сте специјалиста за… Кажете… говорете за планот…

ЈАКИМОВСКИ: Значи ваму си против, а таму… Значи таму кај Систина. Сто триесет илјади… Станчето таму го купи…!