Тетово е првиот албански град во С. Македонија каде општината ја предводи жена, изјави градоначалничка Теута Арифи на партиски собир, порачувајќи нејзиниот пример да послужи како инспирација за младите Албанки.
– Тетово е првиот албански град во С. Македонија кој доби жена за градоначалник. Ова е достигнување на кое можеме да бидеме горди и тоа е референтна точка за родовата еднаквост и за модерното општество во нашата земја. Наша цел е да го зголемиме уделот на жените на раководните позиции до 50-50 во следните четири години, речеАрифи.
Таа се бори за својот трет мандат, а изјавата, како што објави Слободен печат, дека „Тетово е албански град“ ја кажа пред жените од Демократската унија за интеграција.
Тетово е македонски, а не албански град, со мнозинско албанско етничко население, во кој Албанка е градоначалничка и се бори за трет мандат во градот, кој се уште лете е жеден и покрај изобилството вода на Шар Планина под која се наоѓа.