Зоран Заев, при денешната посета на Националниот парк Маврово, оствари средба со претставници на Македонското еколошко друштво, кои го презентираа проектот за следење на рисот кој што претставува уникатен вид и наш национален симбол.
-За време на разговорот им најавив дека со изградбата на новите делници ќе имаме предвид, секаде каде што тоа е можно, секој автопат да има подземни премини или зелени мостови за заштита на животните и за поголема безбедност во сообраќајот, пишува Заев на својот фејсбук профил.
Тој додаде дека одржливиот развој на општините ќе обезбеди баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој.