Авион Л-410 се урна денеска во близина на град во рускиот регион Татарстан, при што загинаа 16 лица, а седум се повредени, соопшти руската агенција за управување со вонредни состојби.

Претходно, руските медиуми јавија дека во авионската несреќа загинале 19 лица, а тројца се повредени, и дека во авионот имало вкупно 23 лица.

Во авионот имало група падобранци, објави Агенцијата за управување со вонредни состојби. Седум лица се извлечени живи. Авионот е Лет Л-410 Турболет, двомоторен транспортен авион за кратки дестинации.