Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го одреди почетниот состав за вечерашниот натпревар со Германија во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Милевски се одлучи за следниве 11-мина:
голман: Столе Димитриевски
одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски, Езѓан Алиоски
среден ред: Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Аријан Адеми и Елиф Елмас
напад: Дарко Чурлинов и Адис Јаховиќ.

Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.